Во рамки на процесот за изработка на Стратешкиот план за развој на Општина Илинден за периодот 2027–2031 година, се одржа завршната работилница на која беа разгледани и усогласени клучните развојни приоритети и стратешки цели на општината за наредниот петгодишен период.
Во текот на работилницата беа сумирани досегашните активности и резултатите од консултативниот процес, при што посебен акцент беше ставен на локалниот економски развој, унапредувањето на инфраструктурата, заштитата на животната средина, образованието, културата, спортот и подобрувањето на квалитетот на јавните услуги.
Преку размена на мислења, предлози и конкретни иницијативи, учесниците ги разгледаа можностите за реализација на приоритетни проекти и мерки кои ќе придонесат за рамномерен, одржлив и долгорочен развој на Општина Илинден.
Одржувањето на завршната работилница претставува значаен чекор во финализирањето на Стратешкиот план за развој 2027–2031 година, кој ќе биде основен документ за планирање и насочување на идните инвестиции, проекти и развојни политики на локално ниво.
Општина Илинден продолжува со заложбите за транспарентно, инклузивно и одговорно планирање, преку соработка со институциите и сите релевантни чинители, со заедничка цел за создавање современа, развиена и просперитетна општина со подобри услови за живот за сите граѓани.
фото Општина Илинден


