Centar.mk
фото Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Приведени две лица поради извршена тешка кражба, поднесена кривична пријава

На 18.04.2024 во Скопје, полициски службеници од Одделението за криминалистички работи при ЕВР Кисела Вода ги лишиле од слобода В.З.(23) и В.Т.(36), двајцата од Скопје. Тие се сомничат дека на 01.04.2024 во маркет на подрачје на општина Кисела Вода во Скопје извршиле „тешка кражба“, при што одзеле сеф. Со судска наредба, биле извршени претреси во домовите на двете лица, при што биле пронајдени и одземени предмети за кои постои сомнение дека се поврзани со кривичното дело, соопшти МВР.

СВР Скопје – ЕВР Кисела Вода до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против лицата за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик, а судија на претходна постапка на едното лице му определи мерка притвор.

Можеби ќе ве интересира

МАКЕДОНЕЦ ВЛЕЗЕ ВО ГИНИСОВАТА КНИГА НА РЕКОРДИ – Сашко Кедев највозрасен човек што ги освоил сите 14 осумилјадарки

ДЕСК

ИВА МИХАИЛОВА СО НОВА ИЗЈАВА ПО СНИМКИТЕ ОД БУГАРИЈА – Тврди дека никој не ја принудувал на ништо

ДЕСК

УШТЕ 11 ВОЗАЧИ ПРИВЕДЕНИ НИЗ МАКЕДОНИЈА – Возеле без положен испит, под дејство на алкохол и со активна забрана

ДЕСК