23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Свесни сме дека направивме грешки, ги прифаќаме кретиките, затоа имаме издржан план за да се поправиме

„Свесни сме дека направивме и голем број грешки и преземаме одговорност за тоа. Знаеме дека граѓаните се разочарани од растот на цените, од корупцијата, од самоволитето, неработењето и злоупотребите на дел од политичарите. И да, граѓаните се во право. Имаат право да се чувствуваат така. И ги прифаќаме нивните критики за направените грешки“ рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на почетокот на кампањата за парламентарните избори.

Тој додаде дека само тој што е самокритичен и свесен за своите грешки има моќ да ги исправи и затоа СДСМ креирал издржан и остварлив план, преточен во програмата за наредните четири години.

„Ветуваме просечна плата од 1.100 евра и минимална плата од 600 евра, кои со влезот во ЕУ проектираме дека ќе достигнат до 1.300 евра просечна односно 800 евра минимална плата. Во наредните четири години ќе им подадеме рака на нашите млади да бидат достоинствено платени на пазарот на трудот. Обезбедуваме по 200 евра за прво вработување за млади до 26 години“ рече Ковачевски.

Претседателот на СДСМ додаде дека во изминатиот мандат ја намалија невработеноста, а сега ветуваат дека таа ќе достигне само 7 отсто до крајот на мандатот.

„Нашите пензионери се оние кои ја изградија оваа држава. Затоа ќе обезбедиме просечна пензија од 30.000 денари и минимална пензија од 20.000 денари. Ќе има и многу други пакет мерки за поддршка на пензионерите“ рече Ковачевски.