Првите трансплантации на срце, коскени ткива, коскена срцевина од несроден дарител и имплатирано механичко срце се направени во мандатот на д-р Венко Филипче како министер за здравство
Во периодот 2019-2022 година трансплантационата медицина во Македонија го доживеа својот развој каде беа изведени најсложените и најсовремени трансплантации кои во странство важеа за редовна процедура, а кај нас воопшто и не се имплементираа. Свесноста и важноста за органодарителство изминативе неколку години значително се зголеми со изведувањето на првата трансплантација на срце во Македонија.
Во 2018 година, за првпат во државата се спроведе несродна трансплантација на коскена срцевина што овозможи нова шанса за живот на пациентите. Со оваа најсложена и најсофистицирана процедура, пациентите повеќе не патуваат на лекување во странство и не плаќаат огромни финансиски средства.
За трансплантацијата на коскена срцевина бевме споменати и во Извештајот на Европската Комисија како позитивен пример.
Истата 2018 година, по пауза од три години повторно почна да се изведуваат трансплантации на бубрези од починат дарител.
Македонското здравство испиша историја во мандатот на тогашниот министер за здравство д-р Венко Филипче со изведувањето на првата трансплантација на срце од починат дарител. Кога целиот свет се соочуваше со ковид пандемија, во месец мај 2020 година одекна веста дека се прави подготовка за првата трансплантација на срце во земјава. Оваа вечер мислите, но и срцата на сите македонски граѓани чукаа за поддршка и солидарност за пациентот којшто требаше да го прими срцето од почината пациентка чие семејство се согласи да го донира срцето.
Трансплантацијата помина успешно што доби огромен број на пофалби и комплименти од јавноста. Оваа информација споделена на неговата официјална Facebook страница имаше 1.400 споделувања, повеќе од 2.400 позитивни коментари и 37 илјади реакции „лајкови“ од граѓаните. Трансплантацијата којашто беше неколку денови прва вест во медиумите ги спои сите граѓани без разлика на вера, пол и политички убедувања.
Во медиумите, се пласираа информирациите дека е испишана историја и дека тимот од државното и приватното здравство покажале како треба еден тим да работи за спасување човечки живот.
„Трансплантацијата немаше да биде можна без еден друг чин на човекољубие и алтруизам. Семејството Диневи пред неколку дена ја загубија својата сакана мајка и сопруга и по дијагностицирањето на мозочната смрт се согласија да ги донираат бубрезите и срцето на починатата. Со тоа верувам дека многу силно ќе се испрати порака, до сите наши граѓани колку е важно органодарителството, како во даден момент спасува живот“, сподели тогашниот министер Филипче во јавноста.
Со силна заложба на Министерството за здравство првата трансплантација на срце стана редовна процедура на Клиниката за државна кардиохирургија.
2021-ва отвори ново поглавје во полето на ортопедијата во Северна Македонија со првата изведена експлантација на коски и коскени ткива од починат донор на Клиниката за ортопедски болести.
Во периодот 2019-2022 година, исто така за првпат беше имплантирано механичко срце и за првпат изведена операција за вградување на стимулатор на нервот вагус како редовна терапија за пациенти со најтешка форма на епилепсија, која тешко се контролира со лекови.
Со трансплантациите се врати надежта и вербата за нов живот кај пациентите и нивните семејства. Д-р Венко Филипче ќе биде запаметен како министер за здравство којшто воведе изведување на нови трансплантации и го подобри животот на голем број пациенти.