Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Демири: Концептот Едно општество за сите треба да влезе и во Уставот на државата

Концептот Едно општество за сите, како што е влезен во Статутот на СДСМ, така треба да се најде и во Статутот (Уставот) на државата и во личниот став на секој политичар, порача Агрон Демири од СДСМ во интервју за Слободен печат.

„Тука најмалку се зборува за политика, туку пред се за човечност, дека Агрон треба да ја почитува Соња како човек а не да ја гледа низ призма на вера и нација. И затоа идејата на СДСМ овој концепт да биде и во Статутот на партијата. Се сеќаваме какво беше општеството до 2016 година и знаеме дека овој концепт смени многу работи. Кога зборуваме за фер и праведно општество тука ќе се надоврзам и на Манифестот на СДММ кој сега го промовираме пред младите во сите изборни единици“ рече тој.

Осврнувајќи се на претседателските избори, Демири истакна дека граѓаните довербата повторно ќе ја дадат за Стево Пендаровски кој во претходните пет години покажал дека е претседател на сите.

„Пендаровски ја има поддршката од народот и тоа се виде и со Конвенцијата во Борис Трајковски која ги сруши сите лажни анкети на ВМРО-ДПМНЕ. Тој беше и ќе биде претседател за сите. Секоја почит за Силјановска но народот на 24 април и 8 мај ќе ја даде поддршката за втор мандат на Стево, затоа што вратите на Стево беа отворени за сите во изминатите пет години“ посочи Демири.

Можеби ќе ве интересира

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК

Димитријевиќ: Криминални тендери и дрога од 5 тони, Македонија како мафијашки филм

ДЕСК

Мицкоски: Повеќе од 50 предмети за висока корупција кои со години биле затскриени се во постапка, ова е само почеток, украденото мора да се врати кај народот

ДЕСК