Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Бојмацалиев го честита денешниот празник – 8 Април, Меѓународниот ден на Ромите

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев на Фејсбук:

Почитувани пријатели и граѓани од Ромската заедница,
Дозволете ми во свое и во име на тимот од МВР да ви го честитам денешниот празник – 8 Април, Меѓународниот ден на Ромите.
Нашите различности се нашето богатство, со сета мултиетничност и мултиконфесионалност како градбени елементи на нашето Едно општество за сите, афирмирајќи го граѓански карактер.
Во тој наш мозаик Ромската заедница, нашите пријатели Роми, се неизоставен дел, со сиот свој придонес како дел од македонската полиција, армијата, здравството, образованието, итн.
Во духот на заедништво се обврзуваме да ја унапредуваме општествено-институционална етаблираност на сите припадници на Ромската заедница.
На сите сограѓани Роми им посакувам успех на личен и на професионален план.

Можеби ќе ве интересира

Лажни дојави за бомби во училишта во Скопје и Тетово

C +

МНР со апел: македонските државјани кои се наоѓаат на територијата на Мексико да го напуштат во првата безбедна прилика

C +

Речиси 5.000 прекршоци регистрирани со „Безбеден град“ за една недела, најмногу за брзо возење

C +