Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

СДСМ: Мора да има одговорност за скандалот со лажните анкети на МТВ нарачани од штабот ВМРО-ДПМНЕ

-За скандалот со лажните анкети објавени на Националната телевизија МТВ а нарачани од штабот на ВМРО-ДПМНЕ мора да има одговорност, соопшти СДСМ.

„Постојат основани сомневања за бројни злоупотреби кои треба да ги истражат надлежни институции.

Разтокриена е цела една шема, оперативен план подготвен од Републичкиот изборен штаб на ДПМНЕ, по насока на Извршниот комитет на партијата на седница одржана на 05.12.2023 година.

Шема за пласирање лажни анкети за рејтинзите на партиите и за политичарите, а објавени на МТВ, за пласирање лажни вести, но и други активности.

Во подрумите на Белата палата се договарале емисии за анализирање на анкети од ИПИС, се дефинирал составот на гостите на емисијата со 3 опозициски аналитичари дури имало и одговорен за ширење лажни вести преку т.н. „дувла“.

За градоначалниците од ДПМНЕ предвидена е „обврска“ кон Владимир Божиновски.

Ова е голем скандал кој освен злоупотребите покажува дека лажните анкети се нереални и служат за манипулација на граѓаните, дека во ДПМНЕ се уплашени и уште еднаш потврдува дека нема никаква промена во ДПМНЕ.

Пропагандата, злоупотребите на медиумите, ширењето лажни вести и нарачаните лажни анекти, се истите методи на Никола Груевски сега ги спроведува Христијан Мицкоски.“ – се вели во соопштението на СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

СТИГНУВА СТУДЕН БРАН ВО МАКЕДОНИЈА – Дожд, силен ветер и снег на планините, температурите нагло ќе се намалат

ДЕСК

ВЕЧЕРВА СПРОТИ АРАНЃЕЛОВДЕН – Кои обичаи се негуваат во домовите и што се прави утре на големиот празник?

ДЕСК

УТРЕ Е ГОЛЕМ ПРАВОСЛАВЕН ПРАЗНИК – Се слави Свети Архангел Михаил, небесниот заштитник и предводник на ангелите

ДЕСК