Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Ковачевски: Јас сум избран за лидер на партија со 40.000 гласа, спроти мене е претседател на ВМРО-ДПМНЕ избран од 400 делегати од неговиот претходник

Одговарајќи на прашање околу легитимитетот, претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски во дуел со Христијан Мицкоски истакна дека тој бил избран од целото членство на партијата на внатрепартиски избори.

„Јас сум избран за претседател на СДСМ, на непосредно гласање, тоа е единствена партија која својот претседател го бира на непосредно гласање со двајца противкандидати и мојот избор е направен со над 40.000 гласови на гласачки кутии. Спроти мене седи претседател на ВМРО-ДПМНЕ кој што е избран со 400 делегати, напишани на лист од неговиот претходник, ставени во автобуси, однесени на Фолкфест Валандово и таму на конгрес еден кандидат станува претседател. Тоа е нивни начин како го бираат претседателот на партијата, јас во тоа не се мешам, меѓутоа мора да го разјасниме легитимитетот на претседателите на партиите“ посочи Ковачевски.

Можеби ќе ве интересира

Времето драстично се менува: Утрински мразеви и слаб дожд во најава

ДЕСК

Уставниот суд го поништи Законот за изменување на Законот за платите на судиите донесен во февруари 2026 година во Собранието

ДЕСК

Драма во Куманово: Малолетник уапсен по инцидент со пиштол и нож

ДЕСК