Centar.mk
фото Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Приведен криминалец баран со потерница поради учество во странски војски

На 01.04.2024 во атар на с. Танушевци од страна на полициски службеници од Одделот за специјални операции при Бирото за јавна безбедност, од полициски хеликоптер, било забележано лице како се движи со крос мотор од с. Арачиново кон Косово. Полициски службеници од СВР Скопје му дале знак за запирање, но лицето не запрело, по што се преземени дополнителни мерки и активности и лицето е запрено и лишено од слобода. Утврдено е дека станува збор за Б.С.(29) од Витина, Косово и дека за него е распишана меѓународна потерница од Косово поради кривично дело ” учество во странска војска”, соопшти МВР.

Можеби ќе ве интересира

Температури до 33°C и невреме! Синоптичарите објавија повеќедневна прогноза

ДЕСК

Драма во пехчевско село: Петгодишно дете тешко повредено по удар од електричен тротинет

ДЕСК

Вознемирувачки случај во Драчево: Зрно од огнено оружје завршило во двор од куќа

ДЕСК