Centar.mk
БИЗНИСвест

Битиќи: Ќе се продолжи со инвестиции во енергетика, 70% од потребите на енергетскиот сектор во државата ќе бидат произведени дома

„Затоа што зборуваме за капитални инвестиции, инвестициите кои што може да се направат во енергетика и тоа го кажавме во неделата дека ќе се продолжи со инвестиции во енергетика, 70% од потребите на енергетскиот сектор во државата ќе бидат произведени дома, што е голем исчекор кон тоа што сме го имале претходно,“ рече Фатмир Битиќи, потпретседател на СДСМ и ко-носител на парламентарната листа на СДСМ во ИЕ 2, во Вин Вин на ТВ Телма.

Тој посочи дека, енергетската стратегија направена 2019 година, а во 2020 е промовирана треба да се ревидира затоа што одредени работи не се земени во предвид.

„На пример во енергетската стратегија нема освен еднаш употребен зборот водород го нема нигде воопшто во стратегијата затоа што очигледно никој не зборувал во 2019година за водород и тој е во овој момент многу повеќе зборуван како сегмент кој што ќе донесе во подобрување на зелената транзиција,“рече Битиќи.

Можеби ќе ве интересира

МФ: Усвоена Стратегијата за управување со јавниот долг 2027–2029, јавниот долг останува стабилен и одржлив

ДЕСК

Драстично поевтинува дизелот, но поскапува бензинот – падна одлука во РКЕ

ДЕСК

Граѓаните бараат од институциите да кажат чии се и кои се млечните производи каде наместо 20 отсто масленост најден е само 1%

ДЕСК