17.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

Борче Трајковски за Филипче: Гоу Венко, гоу..

Само еден човек е синоним за смиреност, спокој, ноншалантност и интонација која делува како лек. Венко Филипче, пишува Борче Трајковски на социјалната мрежа Фејсбук. Тој е единствениот кој успеа и во време на најголема светска криза да ни делува како анестетик со совети презентирани мирно и спокојно, а сепак сериозно.

„Венко Филипче и три точки…На почетокот од Корона кризата, сите бевме запрепастени од смиреноста, од онаа чудна ноншалантност, префинетост со кои настапуваше на секојдневните прес конференции и упатуваше апели до граѓаните, онаа несвојствена за многумина од нас стаменост преку која на волшебен начин делуваше смирувачки, како анестетик преку кој се доловува сигурност, спокој, интонација со која даваше на знаење дека со кризата менаџира вистински човек. Немаше нормален кој не се одушевуваше на неговата конзистентност и елоквентност во целиот период на кризата. Испраќаше апели кои не личеа на наредби. Советуваше мирно и спокојно, а сериозно. Посериозно здравје…“, пишува Трајковски.

Трајковски се воодушевува на истрајноста на Филипче во текот на целата Ковид криза и се што се случуваше во тие години, особено по препораките кои се помалку се почитуваа, критиките и апелите за вакцинација. Од своја лична перцепција тој како и многумина очекуваме министерот да „пукне“, и да се откаже но не, тој остана и продолжи..

„Многумина од нас веќе беа на работ да поверуваат дека се ближи моментот кога човекот ќе “пукне“ и ќе се повлече од обврските, затоа што неговите апели и совети се’ помалку се почитуваа, а ние се соочувавме со се’ поголем број новозаразени. Венко, продолжи на истиот начин, со истата интонација, со истите молби до граѓаните да ги почитуваат неговите совети, и не се откажа. Продолжи…“, пишува Трајковски.

Текстот во неговата објава продолжува со нападите и барањето за оставка но Трајковски посочува дека стрелите беа насочени кон најдобриот, кон највредниот, кон најчовечниот политичар.
„Требаше да го снема, но, Венко се врати, и уште е тука, и ќе продолжи да се бори на истиот начин, неговата човечност е на пиедесталот на нормалноста и здравиот разум…Гоу Венко, гоу…, ја завршува Трајковски објавата.