Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Тренчевска: Ќе се зголемат правата од социјална и детска заштита за 30 отсто и помош и нега во домот ќе бидат достапни во секоја општина

„Продолжуваме да се грижиме за лицата во социјален ризик. Се обврзуваме да ги зголемиме сите права од социјална и детска заштита за 30%. Услугата Помош и нега во домот ќе биде достапна во секоја општина. Обезбедуваме 375 социјални станови за подобар животен стандард за 375 семејства“ рече дополнителната заменичка министерка за труд и социјална политика и коносителка на ИЕ4, Јованка Тренчевска на промоцијата на програмата на СДСМ, „Програма за европска иднина“.

Таа додаде младите беа и се најголемиот мотив и затоа се зголемува младинскиот дотаок од 3 на 5 илјади денари месечно.

„Се обврзуваме да го зголемиме опфатот на Гаранција за млади за 50%. Обезбедуваме Софтвер за активација на млади по примерот на Словенија. Се обврзуваме да продолжиме да градиме еднакво и праведно општество, општество на еднакви можности за секој – Едно општество за сите“ рече Тренчевска.

Можеби ќе ве интересира

Маж од Кичево возел иако имал забрана за управување возило и удрил во малолетник, лишен е од слобода, возилото е одземено

ДЕСК

ПОЛИЦИЈАТА “УПАДНА” ВО НОЌНИ КЛУБОВИ ВО ОХРИД И СКОПЈЕ: Полицајците тресеа познати локали – констатирано дека клубови точеле алкохол, а обложувалница примало малолетници

ДЕСК

Лишени од слобода 13 возачи за безобѕирно управување возило, од нив шестмина возеле без возачка дозвола

ДЕСК