16.8 C
Скопје
27. јули 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Филипче: Со европски плати ќе вратиме дел од македонските лекари кои заминаа во странство

„Одливот на кадар е предизвик за целиот регион, многу од нашите таленти ја бараат својата можност во странство. Веќе започнавме успешен процес на обебзедеување европски услови за нашите здравствени работници преку покачување на платите, платените специјализации и едукацијата. Сега нашата цел е да го надградиме овој модел и обезбедиме враќање на дел македонските лекари од странство. Ќе понудиме европски плати за лекарите кои што сакаат да се вратат да работат и да ги едуцираат идните млади лекари дома“ рече носителот на листата во ИЕ3, Венко Филипче на промоцијата на програмата на СДСМ, „Програма за европска иднина“.

Тој додаде дека СДСМ е посветена на значително подобрување на финансиската состојба на здравствените работници.

„Откако вкупните примања на лекарите специјалисти се повеќе од двојно зголемени, во следниот мандат се обрзуваме дека платите за специјалистите ќе се зголемат во терциерното здравство до 180.000 денари, во секундарното здравство до 140.000 денари, на општите лекари до 120.000, на медицинските сестри со висока школа до 90.000 денари, а на оние со средна 60.000 денари“ рече Филипче.

Тој додаде дека ова е правична компензација за оние кои ги посветуваат своите животи за спасување на другите.