Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Спасовски: Само со задоволна полиција имаме безбедни граѓани, досега платите ги покачивме за 35 отсто и ќе продолжат да растат

„Само со задоволна полиција имаме безбедни граѓани, досега ги зголемивме платите за 35% и платите во безбедносниот сектор мора да продолжат да растат – за подобар материјален и социјален статус и повисок животен стандард на вработените. Императив за нас е унапредување на статусот на вработените, на работните услови, на воведување на нови полициски обуки, дигитализација и модернизација на процесите и опремата“ рече носителот на листата во ИЕ2, Оливер Спасовски на промоцијата на програмата на СДСМ, „Програма за европска иднина“.

Тој додаде дека со новите хеликоптери повторно ќе се испише историја на опременост на воздухопловните единици.

„Досега реконструиравме 82 полициски станици низ државата и се обврзуваме да продолжиме со создавање на европски услови за европско полициско работење. Во мандатот на оваа влада конечно успешно ја завршивме јавната набавката на опремата од Проектот Безбеден град (Safe city). Покрај првичната примена во Скопје, Тетово и Куманово, ќе продолжиме со негово имплементирање низ сите градови и на сите патишта“ рече Спасовски.

Тој додаде дека ќе се обезбеди поголема професионализација на кадарот во МВР, особено на раководниот кадар со полагање на посебен испит за новите раководни структури.

Можеби ќе ве интересира

Од шверц до естетски интервенции: под истрага мрежа што го загрозувала здравјето на граѓаните

ДЕСК

ИЗМАМА ПРЕКУ ФЕЈСБУК: Лажно нудела станови, земала пари како капар

ДЕСК

ПОЛИЦИЈАТА СО АКЦИЈА: Марихуана одземена во Кочани и Облешево

ДЕСК