22.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

Николовски: До 2028 двојно ќе го зголемиме буџетот во сточаркото производство, од 35 на 70 милиони евра

„2024 година е година во која фокусот го насочивме кон поддршка на сточарството. Така продолжуваме и во следните четири години. До 2028 година, двојно го зголемуваме буџет во сточарско производство, од досегашните 35 на 70 милиони евра годишен буџет“ рече министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство и коносител во ИЕ3, Љупчо Николовски на промоцијата на програмата на СДСМ, „Програма за европска иднина“.

Тој додаде дека субвенцијата по грло кај кравите до крајот на 2028 година ќе достигне 20 илјади денари, или раст од 2800 колку што беше во 2017, 12 илјади колку што е во 2024, 15 илајди во 2026 и 20 илјади во 2028 година.

„Субвенциите за овци од 2.000 денари ги зголемуваме на 3.000 денари во 2026 година. 150% зголемени субвенции кај предадено јагне во регистрирани кланични капацитети од 400 денари на 1.000 денари. За 300% зголемени субвенциите во свињарството кај маториците од 1.000 денари на 3.000 денари“ рече Николовски.

Тој додаде дека од 2025 година се креира и нова програма за поддршка на сточарите, со која ќе им се дава поддршка од 15 илјади евра по корисник за мобилни кланици, мобилни мозилишта и мобилни мандри.