Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Спасовски: Имаме програма која ветува европско судство

Оливер Спасовски, носителот на листа во Изборна единица 2 од редовите на СДСМ, во своето обраќање на промоцијата на програмата на СДСМ „Програма за европска иднина” и на кандидатите за пратеници од Коалицијата за европска иднина, најави низа законски измени во рамки на изборната програма, при што го потенцираше делот за европско судство.
„Ќе пристапиме и кон измена на прекршокот за нарушување на мирот на граѓаните од бука, гласна музика и други активности кои не им даваат спокој на нашите сограѓаните во текот на целиот ден. Ќе иницираме постапка за укинување, односно заострување на економските критериуми за прием во македонското државјанство”, истакна Спасовски.

Спасовски ја потенцираше и конфискацијата на нелегално стекнат имот.

„По примерот на ЕУ, со конфискација на имот ќе пратиме порака дека криминалот не е исплатлив – Конфискацијата на нелегално стекнатиот имот е еден од показателите колку една држава вистински е посветена во борбата против организираниот криминал и корупција”, рече Спасовски.

„За успех во сето ова клучни се реформите и во правосудниот систем. Реформата на судството мора да ги опфати сите препораки на Мисијата на ЕУ во нашата држава. Тоа значи да продолжиме по европскиот пат и од таа иднината ние не се откажуваме. Не се откажуваме од врвна безбедност и развиена економија, не се откажуваме од европски живот за младите тука дома. Една опција имаме на овие избори, тоа е европската и нема откажување од иднината”, рече Спасовски.

Можеби ќе ве интересира

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ОБЛАЦИ И ДОЖД ОВОЈ ВИКЕНД, А ОД ВТОРНИК И ЗА ПАД НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ – Синоптичарите објавија четиридневна прогноза

ДЕСК

Пукање во Скопје: 15 годишник нападнат од двајца малолетници, едниот извадил пиштол – репетирал и пукал

ДЕСК

Хорор во Скопје: Три малолетнички нападнати, тепани и снимани со мобилен телефон од четири женски лица

ДЕСК