22.8 C
Скопје
27. јули 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Европски фронт со декларација за поддршка на Декалогот на претседателот

Претседателскиот кандидат на ДУИ, Бујар Османи, денеска пред лидерите на Европскиот фронт им ја врачи Декалогот со своите 10 заложби во улога на шеф на државата. На презентацијата на Програмата присуствуваа лидерите на Европскиот фронт, Али Ахмети, Мендух Тачи, Зијадин Села, Скендер Реџепи Зејд, Аријанит Хоџа, Бејџан Иљас и Фатима Османовска.

Османи при презентацијата ги наведе трите основни принципи на програмата од кои произлегуваат 10-те ветувања. Основните столбови се: Компасот на геостратешката ориентација на земјата; Врзивното ткиво на етничките и политичките наративи; како и Улогата креатор на државниот консензус.

Понатаму, Османи едно по едно ги објасни десетте ветувања што ќе ги исполни како претседател на државата. Заложбите што ги наведе се следните: Интеграција во ЕУ до 2030 година, избор на претседател преку Собранието со двојно мнозинство, Партнерство и стратешки дијалог со САД, формирање на меѓународен одбор со САД, ЕУ и НАТО за сертификација на сите носители на јавни функции, зајакнување на Армијата во согласност со стандардите на НАТО, соодветно меѓународно етаблирање преку надворешната политика, задржување на младите во земјата, образование и иновации, како и зелена агенда.

На крајот, лидерите на Европскиот фронт дадоа согласност за вклучување во програмата на клучни прашања од стратешко значење за државата и потпишаа Декларација за поддршка на Декалогот на Европскиот претседател.