24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Спасовски: Имаме победничка програма за МВР

Носителот на листа на Изборна единица 2 од редовите на СДСМ, Оливер Спасовски, се обрати на промоцијата на програмата на СДСМ „Програма за европска иднина” и на кандидатите за пратеници од Коалицијата за европска иднина.

„Имаме победничка програма за внатрешните работи, безбедноста и борбата против корупцијата. Свесни сме за успехот и имаме план да го продолжиме. И од тоа не се откажуваме. Имаме бескомпромисна политичка воља, со Нула толеранција за корупција и силна борба против секаков вид криминал”, истакна Спасовски.

„Само со задоволна полиција имаме безбедни граѓани, досега ги зголемивме платите за 35% и платите во безбедносниот сектор мора да продолжат да растат – за подобар материјален и социјален статус и повисок животен стандард на вработените. Императив за нас е унапредување на статусот на вработените, на работните услови, на воведување на нови полициски обуки, дигитализација и модернизација на процесите и опремата.
Со нови хеликоптери повторно ќе испишеме историја на опременост на воздухопловните единици. Досега реконструиравме 82 полициски станици низ државата и се обврзуваме да продолжиме со создавање на европски услови за европско полициско работење.

Во мандатот на оваа влада конечно успешно ја завршивме јавната набавката на опремата од Проектот Безбеден град (Safe city). Покрај првичната примена во Скопје, Тетово и Куманово, ќе продолжиме со негово имплементирање низ сите градови и на сите патишта”, рече Спасовски. Притоа, тој најави испит за новите раководни структури.
„Поголема професионализација на кадарот во МВР, особено раководниот кадар ќе обезбедиме преку полагање на посебен испит за новите раководни структури”, рече Спасовски.