Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Промоција на програмата на СДСМ и кандидатите за пратеници од Коалицијата за европска иднина

На 31 март 2024 година (недела), со почеток во 12:00 часот, во хотелот „Белви“ во Скопје, ќе се одржи промоција на новата „Програма за европска иднина“ и кандидатите за пратеници на СДСМ и Коалицијата за европска иднина за претстојните парламентарни избори.

На настанот ќе се обратат носителите и коносителите од сите шест изборни единици: претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, претседателката на ЛДП Моника Зајкова, Оливер Спасовски, Фатмир Битиќи, Сања Лукаревска, Љупчо Николовски, Венко Филипче, Јована Тренчевска, Јован Митрески, Бисера Костадиновска Стојчевска, Славјанка Петровска и Агрон Демири.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Германските компании се партнери во трансформацијата на македонската економија

C +

Кузеска: Само ВМРО-ОКГ се богати, додека граѓаните едвај преживуваат

C +

Тошковски за денот на македонската полиција: Модернизација, реформи и бескомпромисна борба против криминалот, градиме модерна и професионална европска полиција

C +