Centar.mk
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Лукаревска: 200 евра во првите 12 месеци за секое прво вработување на лица до 26 години

„Во програмата предвидуваме и низа мерки со кои сакаме да испратиме порака до младите дека СДСМ мисли и се потпира на нив. Со гордост го најавуваме проектот „Грижа за младите“ кој подразбира: по 200 евра во првите 12 месеци за секое прво вработување на лица до 26 години и станови за млади брачни парови до 29 години во чија откупна цена, дел од сумата ќе биде субвенционирана од Владата“ рече директорката на УЈП и носителка на ИЕ3, Сања Лукаревска на промоцијата на програмата на СДСМ, „Програма за европска иднина“.

Таа додаде дека во програмата е зацртано и изградба на нови социјални згради во Штип и во Прилеп, но и регулирање на породилното отуство на жените земјоделки.

„Свесни дека грижата за децата бара пошироко внимание и акција, воведуваме Европска детска гаранција како гаранција за системски одговор за справување со детската сиромаштија. Воведувањето на Европска детска гаранција си го поставивме како статешка цел. Оваа гаранција го скратува и го забрзува патот до благостостојба на најважните, на децата“ рече Лукаревска.

Таа додаде дека во програмата се најавува и намалување на административните обврски за наставниот кадар, бидејќи доброто образование подразбира и наставен кадар кој многу повеќе ќе биде фокусиран на знаењето.

„Некои случувања и јавни сомнежи, го поттикнаа и нашето размислување за појавата на лажни дипломи. Велиме стоп за лажни дипломи и најавуваме ревизија и евалуација на сите стекнати“ рече Лукаревска.

Можеби ќе ве интересира

Прегазен 93 годишен пешак во Скопје, пренесен во болница

ДЕСК

Муцунски на средба со францускиот министер делегиран за Европа, Бенџамин Адад

C +

Мицкоски: Во транзицијата од многумина сиромашни, станаа малкумина екстремно богати, затоа има разочарување и иселување, но само дома си е дома

ДЕСК