Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Костадиновска-Стојчевска: За СДСМ инвестиција во културата значи заштита на културното наследство, идентитетот, историјата

„Изминатите години вложувавме во нашата културна и јазична посебност. За СДСМ инвестиција во културата значи заштитата на културното наследство, заштита на нашиот идентитет, за нашата посебна историја и колоритноста на нашата култура“ рече министерката за култура и коносителка на листата во Изборната единица 5, Бисера Костадиновска-Стојчевска на промоцијата на програмата „Програма за европска иднина“ на СДСМ.

Таа додаде дека со новиот Закон за употреба на македонскиот јазик се зголеми неговата заштита и заштитата на кирилско писмо, како и неговата правилна употреба.

„После 25 години добиваме инспекторат за македонски јазик, работни места за лекторите и го враќаме интересот кај младите за негово изучување“ рече Костадиновска-Стојчевска.

Таа додаде дека пред нас е реализација на уште еден голем проект – нов, современ, европски и квалитетен Закон за култура.

„Инвестираме во афирмација на македонскиот јазик- Старото училиште во Љубојно прераснува во ‘Центар за промоција на македонскиот јазик’. Работиме и на целосна дигитализација на картотеките во Институтот за македонски јазик, основа за проектот кој го најавуваме-целосна дигитализација на културата“ рече Костадиновска-Стојчевска.

Можеби ќе ве интересира

ВУЧИЌ ПОБЕДИЛ ВО КУМАНОВО, НО ЈА ИЗГУБИ СРБИЈА – Изборен парадокс што отвора интересни политички прашања

ДЕСК

НОЌНА ДРАМА ВО ГОСТИВАР – Насилно влегол во станот, ја оштетил балконската врата и физички ја нападнал сопругата

ДЕСК

ФРАНЦИЈА ПОДГОТВЕНА ДА ПОМОГНЕ ВО ДИЈАЛОГОТ МЕЃУ СКОПЈЕ И СОФИЈА – Амбасадорот предупредува на шпекулации за тајни разговори

ДЕСК