24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Македонија повторно твоја! – е слоганот на парламентарната кампања на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата

Соопштение на ВМРО ДПМНЕ:

Македонија повторно твоја! – промените во твои раце е слоганот и потписот на парламентарната кампања на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Твоја Македонија“.

Слоганот со кој ќе настапи ВМРО-ДПМНЕ е резултат на претходни обемни анализи со кој се потврдува дека главното чувство е чувството на беспомошност кај граѓаните по девастирачкото владеење на СДСМ и ДУИ. Токму чувството дека народот ја губи државата од своите раце и дека нема ниту еден систем во државата кој функционира е чувството кое е доминантно во сите истражувања и анализи.

Тоа се гледа по бројните примери како што е модуларното болница, немањето на пасоши и лични документи за граѓаните, недостатоците дури и на учебници во образованието, криминалот насекаде и сеприсутноста на корупцијата, како и неказнивоста на сторителите се бремиња што го оптеретуваат македонското општество.

И тоа мора да се промени.

„Ова не е Македонија што ја сакаш и ја заслужуваш. Овие избори се шанса да си ја вратиш Македонија повторно во твои раце! Шанса во која можеш да веруваш, но и избор во кој мора да учествуваш! Македонија ти е едноставно одземена, време е да си ја вратиш“ – се дел од суштинските пораки на кампањата која ќе биде промовирана на конвенцијата каде ќе се промовираат кандидатите за пратеници и носители на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Твоја Македонија“ во сабота во 12 часот во салата на Филхармонија.

Промените се во твои раце!

Македонија повторно ќе биде твоја! – преку силен економски развој, реформи и борба против корупцијата и средување на системот – се ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ до граѓаните на овие избори.