Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

СДСМ: Мицковски е ист како Груевски, злоупотребени децата во Гевгелија

-Христијан Мицкоски е ист како неговиот претходник и ментор Никола Груевски, соопшти СДСМ.

„За врме на посетата на Мицкоски на Гевгелија беа злоупотребени млади лица и ученици, исто како што правеше Груевски, кога се редеа деца за да го поздравуваат.

На ист начин вчера, под палка на локалната власт на ДПМНЕ во Гевгелија беа поставени ученици да му аплаудираат, овој пат на Мицкоски.

Мицкоски е ист како Груевски. Во ДПМНЕ нема никакви промени. Тоа се истите методи на ДПМНЕ и истите ликови.

Мицкоски сака да продолжи каде застана Груевски.

Граѓаните не забораваат како изгледаше кога менторот на Мицкоски, Груевски нѐ заглави и не донесе до дното.“ – се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

ШТО ЌЕ СЕ СЛУЧИ СО ГРУЕВСКИ ПО ДРАМАТИЧНИОТ ОРБАН: Анализа на можните сценарија

ДЕСК

ДРАСТИЧНИ ПРЕСВРТИ СО ВРЕМЕТО – Метеоролозите објавија повеќедневна прогноза

ДЕСК

Пукање кон возило во кратовско

ДЕСК