Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Костадиновска-Стојчевска од Глобочани: Преку соработка во културата, ја зајакнуваме врската со нашинците во Преспа

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, заедно со директорката на Заводот и музеј – Битола, Мери Стојанова, го посети Музејот посветен на ликот и делото на албанскиот писател со македонско потекло, Стерјо Спасе, во селото Глобочани, каде што оствари средба со градоначалникот на Општина Пустец, Пали Колефски.

Посетата е по повод продолжувањето на прекуграничната соработка со Албанија во рамките на програмата ИПА со проектот ,,Смарт4Ју2“, чија цел е да ги афирмира културните вредности што ги поседува регионот и да ги развие туристичките потенцијали на општините Битола, Пустец и Корча.

,,Преку соработка во културата, ја зајакнуваме врската со нашинците во Преспа. Успешната реализација на заедничките проекти носи придобивки за граѓаните од двете страни на границата. Културата и културното наследство даваат идентитетско значење на луѓето од овој регион, а од економски аспект, претставуваат значаен туристички потенцијал“, рече на средбата министерката за култура Костадиновска-Стојчевска.

На средбата со градоначалникот на Општина Пустец, Колефски, беше потврдена обостраната заложба за зачувување на нашето културно наследство бидејќи, како што кажа Костадиновска-Стојчевска, тоа значи зачувување и на нашиот културен и национален идентитет.

Kолефски ги најави новите планови и активности во Глобочани, а беа разменети идеи за нови проекти за унапредување на соработката преку културната размена и промоција на туристичкиот потенцијал на овој регион, со цел подобрување на економскиот развој и животниот стандард на граѓаните што живеат во Преспа.

Од страна на министерката Бисера Костадиновска-Стојчевска беше посочено дека Министерството за култура, преку традиционалната поддршка на манифестацијата „Македонско културно лето во Пустец и во Корча“, останува партнер во заедничките заложби за негување на македонската култура, идентитет и традиција во овој прекуграничен регион.

Директорката на Заводот и музеј од Битола, Мери Стојанова, потврди дека продолжуваат активностите што се планирани за наредниот период, за искористување на ЕУ-можностите за развој на културата и заштитата на културното наследство, и укажа на нови можности за соработка со општините Пустец и Корча.

Проектот „SMART4YOU2“, кој е поддржан од Програмата за прекугранична соработка на Европската Унија, има буџет во вкупен износ од милион и двесте илјади евра европски неповратни средства за развивање на културните и туристичките потенцијали на прекуграничниот регион.

Во рамките на еднодневната посета, министерката за култура Костадиновска-Стојчевска ќе оствари средба со префектот на округот Корча, Нерти Јоли.

Можеби ќе ве интересира

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК

Димитријевиќ: Криминални тендери и дрога од 5 тони, Македонија како мафијашки филм

ДЕСК

Мицкоски: Повеќе од 50 предмети за висока корупција кои со години биле затскриени се во постапка, ова е само почеток, украденото мора да се врати кај народот

ДЕСК