Вчера, 27 март 2024 година, амбасадорот Дејвид Гир, шеф на Делегацијата на Европската Унија, го отвори мултимедијалниот настан „Одејќи по тенки линии“ во резиденцијата на ЕУ.
Овој мултимедијален настан истражува теми поврзани со менталното здравје преку инсталација на Дијана Томиќ-Радевска; перформанс во режија на Јован Ристовски и изложба на уметнички дела под кураторство на Јасмина Котевска преземени од Психијатриската болница во Демир Хисар, како и ликовни дела на уметниците: Марија Трајановска, Лусијана Ампева, Касиопеја Наумоска, Ема Петрова, Никола Пијанманов, Тони Попов, Сашо Блажески и Трајче Чатмов.
Мултимедијалниот настан ќе биде отворен за јавноста во периодот од 9 април до 31 мај. Резервација за посета може да се добие преку Фејсбук страницата на Јуроп Хаус, од следната недела: https://www.facebook.com/EuropeHouseSkopje
Ќе се организираат и серија работилници во канцелариите на Јуроп Хаус низ целата земја:
· 3 април, Јуроп Хаус Скопје – работилница по длабински цртеж со Горан Стојчетовиќ, Србија
· 4 април, Јуроп Хаус Струмица – работилница по длабински цртеж со Горан Стојчетовиќ, Србија
· 5 април, Јуроп Хаус Битола – работилница по длабински цртеж со Горан Стојчетовиќ, Србија
· 19 април, Јуроп Хаус Велес – сликарска работилница со Тони Попов
· 26 април, Јуроп Хаус Крива Паланка – работилница за цијанотипија
· 23 мај, Јуроп Хаус Струга – сликарска работилница со Тони Попов
Сите овие активности се организирани со цел да се поттикне дебата за менталното здравје на национално ниво, како и за да се зацврсти борбата против предрасудите за менталните болести.