Centar.mk
Photo: Joyce N. Boghosian/the white house photo/flickr/ Licensed like United States government work / https://www.flickr.com/photos/whitehouse/55143896598/
МАКЕДОНИЈАСВЕТ

ТРАМП ЈА НОМИНИРАШЕ КРИСТИ МЕККОРМИК ЗА АМБАСАДОР ВО МАКЕДОНИЈА – Предлогот е испратен до американскиот Сенат

Американскиот претседател Доналд Трамп ја номинираше Кристи Меккормик за нова амбасадорка на Соединетите Американски Држави во Македонија. Номинацијата е наведена во официјалниот документ што Белата куќа го објави на 9 ноември, со кој повеќе кадровски предлози се доставени до Сенатот на САД.

Меккормик има професионално искуство во американското правосудство и во изборната администрација. Претходно работела во Министерството за правда на САД, била ангажирана на изборни прашања во Ирак и била член на американската Комисија за помош при изборите.

Предлогот допрва треба да ја помине постапката за потврдување во Сенатот. Затоа номинацијата не значи дека Меккормик веќе ја презела амбасадорската функција во Скопје.

Можеби ќе ве интересира

ПОПУСТ ОД ЕДНА ТРЕТИНА НА ВОЗНИТЕ КАРТИ – Британија предлага законска заштита за ветераните и воениот персонал

ДЕСК

3,5 МИЛИЈАРДИ ЛУЃЕ ЖИВЕАТ ВО КЛИМАТСКИ РАНЛИВИ ОБЛАСТИ – СЗО со нова иницијатива на COP31

ДЕСК

ДЕЦА МЕЃУ ЖРТВИТЕ НА ОБИЛНИТЕ ДОЖДОВИ ВО ГАЗА – Над 26.000 семејства побарале помош по уништувањето на засолништата

ДЕСК