4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

Маричиќ: СДСМ и нашата коалиција се ЗА продолжување на европските интеграции и подобрување на стандардот

„Во моментов, сите ние се наоѓаме пред еден од најсудбоносните моменти за нашата држава и за нашата иднина. Нашата порака е јасна и прецизна, СДСМ и нашата коалиција е ЗА продолжување на европските интеграции и подобрување на стандардот на живот за сите граѓани“ рече вицепремиерот за евроспки прашања, Бојан Маричиќ во интервју за „Локално“.

Тој додаде дека СДСМ има коалициски партнери со кои ги споделува вредностите и визии за иднината на нашата земја и веруваат во соработка и дијалог, наоѓање решенија и создавање услови за напредок на сите граѓани.

„Во едно нешто сме несомнено сигурни, тоа е нашата непоколеблива решителност и посветеност да се усогласиме со европските вредности и стандарди и да станеме дел од европското семејство до 2030 година – година која не е далечна и мора да ја засилиме динамиката на започнатите преговори“ рече Маричиќ.

Вицепремиерот додаде дека преземети обврски за отворање на поглавјата не се никаква болка и затоа повикуваат на свест и разум кај опозицијата.

„За да се исполни европскиот план за Македонија не е доволна само победа на избори. Потребен е национален консензус односно масовно про-европско здружување на демократските сили“ рече Маричиќ.