Пред 2018 година не постоеше никаков надоместок за приватните специјализанти, значи таа категорија на лекари беа социјални случаи, вели д-р Александра Георгиева oд Здружението на лекари специјализанти (ЗЛС), во емисијата „Студио 10“ на телевизија 24. Ситуацијата на најзагрозените лекари во државата за прв пат во историјата на државата ја смени Венко Филипче, кога стана министер за здравство.
„Во Македонија пред 2018 година не постоеше никаков надоместок за приватните специјализанти, значи таа категорија на лекари беа социјални случаи. Тоа е и лајтмотивот позади оснoвањето на Здружението на лекари специјализанти да се подобри ситуацијата на најзагрозените лекари во Македонија, тогаш министер за здравство беше доц. Венко Филипче со него започна програмата за исплата на платен надоместок и беше договорено во Министерството за здравство дека исплатата ќе биде на ниво на просечна плата во зависност од годината на исплаќање“-вели Георгиева од ЗЛС, за „Студио 10“.
Во мандатот на Филипче, во 2020 година приватните специјализанти добија и платени дежурства како и платено здравствено осигурување. Навремената исплата на овие надоместоци беа во мандатот на Филипче, по неговото заминување од Министерството, здравственото осигурување беше укинато од министерот Беким Сали, а дежурствата се исплаќаат со доцнење од 4 месеци, велат младите лекари.
„Во 2020 година беше воведено здравствено осигурување и палтени дежурства, претходно дежурствата не беа плаќани воопшто значи без разлика дали имате 5, или 10, или 15 ноќни смени, платата беше таа фиксна од 26.000. За жал денес во 2024 здравственото осигурување беше укинато без да ни биде дадено образложение зошто е тоа така, а исплатите за дежурства знаат да каснат и повеќе од 4 месеци“-вели д-р Георгиева.
Приватните специјализанти денеска излегуваат на протести, зад нивните барања застана и поранешниот министер за здравство, познатиот неврохирург Венко Филипче. Им даде поддршка во барањата за покачување на примањата, согласност растот на платите, како што беше во неговиот мандат.