Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Формирана „Коалиција за европска иднина“ која ќе ја состави следната проевропска Влада

Престедателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, денес, 27 март, во просториите на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, со лидерите на коалициските партнери потпиша коалициски договор со што формално се формира предизборната коалиција „Коалиција за европска иднина“.

Коалицискиот договор денес го потпишаа СДСМ, НСДП, ЛДП, Партијата за движење на Турците, Партијата на пензионери, ДОМ, ВМРО НП, Демократски сојуз на Власите во Македонија, ПОЕН, Сојуз на Ромите во Македонија, Десница, Партија за демократски просперитет на Ромите, СДА, а кон коалицискиот договор се приклучи и Движењето Нова Република.

„Коалицијата за европска иднина е целосно посветена на европскиот пат и има јасен план за европски животен стандард, просперитетна и развиена држава, во која функционира демократијата, владеењето на правото, социјалната правда. Коалицијата се залага за европски животен стандард за граѓаните, економски раст и развој преку директни вложувања и странски инвестиции, преку капитални и инфраструктурни инвестиции, но и преку поддршка на домашните компании, како и за достоинствен живот за пензионерите како основни постулати на предизборните активности и кампањи.

Победничката проевропската коалиција ќе ја формира новата проевропска влада по завршувањето на претстојните избори, ќе биде предводник во реформските процеси и ќе се залага за завршување на преговорите со ЕУ до 2028 година и членство до 2030 година, наспроти нови 11 години изолација и заглавување кои ги нуди опозицијата.“ – соопшти СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

ВМРО ДПМНЕ: Падот почна со Филипче и Заев, па продолжи со Вучиќ со кој до рани утрински часови седеа на пијанки, а заеднички омилен пејач им е Харис Џиновиќ

ДЕСК

ПОСЕБЕН СООБРАЌАЕН РЕЖИМ ВО СКОПЈЕ – Денеска можни ограничувања поради официјална посета

ДЕСК

Поднесени обвиненија за поткуп и злоупотреби при даночните контроли на “Пулс” и поврзаните фирми

ДЕСК