12.8 C
Скопје
15. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

Кумановец нападнал полицаец, а потоа го оштетил инвентарот во СВР Куманово, уапсен 19-годишникот

На 25.03.2024 во 21.45 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Н.П.(19) од Куманово затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. Исто така, при приведувањето, физички нападнал полициски службеник, а подоцна оштетил и дел од инвентар во просториите на СВР Куманово, информира МВР.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.