21.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

Бојмацалиев: Со нова реорганизација во управните служби го решаваме проблемот со неодобрените 33000 лични карти и 55000 пасоши

-Со нова реорганизација во управните служби го решаваме проблемот со неодобрените 33000 лични карти и 55000 пасоши.

Токму тоа што го зборев од првиот ден, дека треба добра организација, а не само форсирање на сликање, туку силите рамноправно да ги распоредиме во управните служби, се’ со цел процесот да тече нормално, тоа не беше испочитувано од самиот почеток, вели дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев.

-Реагирав за таа работа, побарав написмено да имаме состанок. Во текот на вчерашниот ден имавме координација помеѓу кабинетите и управните служби и изнајдовме решение со што колегите ќе ги реорганизираме во работата, ќе работат сабота втора смена и недела прва и втора смена. По потреба ќе носиме колеги во близина на Скопје, од градовите како Куманово, Тетово, Велес, со организиран превоз, со дневни наредби, луѓе кои се искусни во одобрување, се’ со цел да го забрзаме процесот во Град Скопје за одобрување, каде веќе 33.000 лични карти и 55.000 пасоши чекаат на одобрување.

Воедно, донесовме заклучок дека ќе обучиме 10 нови колеги кои ќе фотографираат на пунктовите, а од пунктовите ќе повлечеме 10 колеги кои имаат искуство во одобрување, со цел да ја надминеме оваа криза, ќе кажам, во одобрувањето на личните документи. Фокус ќе дадеме на личните карти, бидејќи тие се потребни за денот на гласање, но исто така со несмален интензитет ќе ги одобруваме и патните исправи, вели Бојмацалиев.

Спонзорирано: