Centar.mk
МЕТЕОМАКЕДОНИЈА

Нови пресврти со времето, УХМР со вонредни најави, а по дождовите очекувајте температури над 26 степени – Детална прогноза за следните 4 дена

Утре кон крајот на денот, во текот на ноќта и во четврток претпладне ќе има врнежи од дожд кои наместа ќе бидат поројни и проследени со ретки грмежи. Утре и во четврток ќе дува засилен, повремено силен ветер (над 60 km/h) од југозападен правец. Во четврток во текот на денот облачноста ќе се намали и потоа следува период на сончево и топло време со пораст на температурата.

Прогноза за 28.03.2024
Минимална температура: 6°C до 12°C
Максимална температура: 15°C до 23°C

Променливо облачно, претпладне со врнежи од дожд, наместа поројни и проследени со ретки грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југозападен правец.

Прогноза за 29.03.2024
Минимална температура: 2°C до 8°C
Максимална температура: 18°C до 25°C

Сончево и потопло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.

Прогноза за 30.03.2024
Минимална температура: 3°C до 10°C
Максимална температура: 20°C до 26°C

Претежно сончево и топло со слаб до умерен ветер од јужен правец.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Германските компании се партнери во трансформацијата на македонската економија

C +

Кузеска: Само ВМРО-ОКГ се богати, додека граѓаните едвај преживуваат

C +

Тошковски за денот на македонската полиција: Модернизација, реформи и бескомпромисна борба против криминалот, градиме модерна и професионална европска полиција

C +