19.8 C
Скопје
11. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

Филипче: Конгресот на СДСМ едногласно и ги поддржа кандидатите за пратеници

Кандидатот на СДСМ и носител на листата во Изборната единица 4, Венко Филипче во Тв интервју рече дека Централниот штаб едногласно ги поддржал кандидатите за пратеници. Тој ги отфрли шпекулациите кои како што рече доаѓаат од опозицијата за наводни кавги и демонстратитвни напуштања.

„Јас бев присутен со состанакот на Централниот одбо и на конгресот после. Можам да кажам дека имаше навистина конструктивни дискусии и апсолутно сакам да демантирам дека имало незадоволство, дека имало кавги или дека некој дури демонстративно ги напуштил состаноците“ – рече Филипче.

Тој вели дека преовладувала позитивна атмосфера и дискусија како и демократска дебата која е вредност на СДСМ.

„Имаше навистина одлични дебати од кои што имаше и што да се слушне и што да се научи. Демократската дебата е најголемата вредност на СДСМ“. – рече Филипче.

Филипче вели дека информациите во медиумите се спинови со цел да се прикаже некаква поделба.