22.8 C
Скопје
27. јули 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Филипче: Грешки секако се направени, но СДСМ никогаш не отстапи од правилниот пат

„Свесен сум дека има луѓе коишто имаат еден одреден степен на незадоволство. Дел се незадоволни од степенот на комуникација, дел се незадоволни од степенот на реализација на одредени проекти. Кога една партија е на власт веќе скоро 8 години, секако дека има и незадоволни луѓе. Меѓутоа, тоа што е битно, битно е дека за време на имплементирање и водење на тие политики не се „скршнало“ од вистинскиот пат. Станува збор за имплементирање на тешки одлуки, одлуки коишто се за доброто на државата. Тоа се одлуки кои што не секогаш се лесни да им се објаснат на граѓаните, меѓутоа на долг рок носат само бенефит за државата. Кога Преспанскиот договор се носеше, анкетите покажуваат дека против него се над 70%. Меѓутоа, ако сега прашате, над 70% од граѓаните се чувствуваат побезбедни, заради тоа што сме членови на НАТО. Што укажува на тоа каква визија се имало тогаш кога се носил претспалскиот договор“ – рече Филипче во интервју за 360 степени, прво ТВ појавување на Филипче по напуштањето на функцијата пред две и пол години.
Филипче истакна дека апсолутно се согласува дека владеењето на правото е слаб сегмент и тука ќе мора да се работи многу повеќе во следните четири години.
„Апсолутно се сложувам дека тој дел на зајакнување на тој сегмент треба да е еден од главните столови на коишто се потпира програмата на СДСМ за следните 4 години“ – заврши Филипче.