Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Агрон Демири, коносителот на СДСМ во ИЕ6 е aктивист кој верува дека социјалдемократијата ја прави револуцијата

 

„Пораснав во духот на политиката, активизмот и не требаше да размислувам на кој политички дух ќе му припаѓам. Во мојата душа отсекогаш бил мојот социјалдемократски бунт, верувајќи во вредностите што ги пренесува овој политички дух“, вели Агрон Демири, коносителот на листата на СДСМ за Изборната единица 6, за „24 инфо“.

Според него оние кои ги направиле најголемите промени во нивните земји се социјалдемократите, така што верува дека револуцијата ја прави токму ова политичко крило.

„Главниот мотив бил и ќе биде младите да бидат дел од политиката, а тоа за мене е мисија. Целите на младите во општите општествени случувања се од особено значење. Затоа, морам да ја искористам можноста и довербата која ми е дадена“ вели Демири.

Демири е магистрант по право од Универзитетот на Југоисточна Европа, бил претседател на Студентскиот парламент.

Можеби ќе ве интересира

ЗНМ: Да се обезбеди почитување и непречена работа на медиумските работници на гласачките места

ДЕСК

Ужас и невиден скандал во студентскиот Гоце Делчев: Снимана и сликана девојка додека се туширала со мобилен телефон

ДЕСК

20,08 отсто излезност до 13 часот – Најголема излезност во Чашка

ДЕСК