16.8 C
Скопје
27. јули 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Демири: Одговорноста за подобра иднина зависи од секој поединец

„Мојот фокус е овие избори да ги убедам нашите млади и граѓаните воопшто дека нивниот глас е важен за иднината на државата. Одговорноста за подобра иднина зависи од секој поединец. Треба да им биде јасно дека политичарите се нивни слуги. На 8 мај одлучуваат каде ќе продолжи да чекори нашата држава“ вели Агрон Демири, коносителот на листата на СДСМ за Изборната единица 6, за „24 инфо“.

Тој додава дека има многу планови во фокус и ги поканува младите да му се приклучат во интензвината, но убава кампања.

„Напредокот на Северна Македонија во секоја сфера е моја грижа, прво како граѓанин, а сега и како кандидат за пратеник. Јас сум многу либерален, флексибилен со која било возрасна група, националност, без разлика дали се тие или моите политички противници, сакам да се на маса, да се напијат кафе и да разменуваат муабети за доброто на државата“ вели Демири.

Според него, земјава нема друга алтернатива освен Европската Унија и се друго е погумно за државата.

„Нашата иднина е кон запад, а не кон исток, таа е кон напредок, а не кон назадување. Ги повикувам сите политички противници да водат мирна, цивилизирана кампања. На младите и на сите гласачи им порачувам дека со својот глас ја имате иднината на државата во ваши раце, додека имате лесно решение, тоа го нуди само СДСМ“ заклучува Демири.