19. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Костадиновска-Стојчевска: СДСМ ја има најдобрата понуда и реален план за подобра македонска иднина во ЕУ, одиме на двојна победа на 8-ми мај

„СДСМ ја има најдобрата понуда и реален план за подобра македонска иднина во ЕУ, одиме на двојна победа на 8-ми мај“, напиша во објава на Фејсбук потпретседателката на СДСМ Бисера Костадиновска- Стојчевска.

Таа додаде дека дадената поддршка и доверба од делегатите на 28-от Конгрес на СДСМ и од лидерот Димитар Ковачевски да биде коносителка на победничката листа за пратеници во изборна единица 5 е голема чест, одговорност и поттик да продолжи да работи за развој на македонското општество, за интересите на граѓаните и европската иднина на младите.

„Досегашните постигнати резултати, посветеноста и успесите нѐ прават фаворити на овие избори. СДСМ останува единствена опција која има јасна визија и сериозна изборна програма за економски раст, стабилност и европски живот за сите граѓани“, потенцираше Костадиновска-Стојчевска.

„Благодарам и за поддршката од моите сопартијци и симпатизери на СДСМ со кои заедно на парламентарните и претседателските избори ќе донесеме уште една победа на политиките кои нудат подобро утре и повеќе за сите. Подобро може да биде и ќе биде само ако продолжиме на патот кон ЕУ! Нема откажување од иднината!“, заклучи Костадиновска-Стојчевска.

Можеби ќе ве интересира

Утрото ведро и посвежо, преку денот сончево

C +

Каранфилова Пановска: Владата на ВМРО-ДПМНЕ е директно одговорна за еколошкиот хаос во Вардариште и Дрисла

C +

Каранфилова Пановска: Тошковски мора да сноси одговорност за серијата трагични случаи во изминатите 15 месеци

C +