Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Лукаревска: Заедно, како едно, до победа на европска Македонија

„Заедно, како едно, до победата на европска Македонија. 8 мај ќе биде празник на слободата, на демократијата“ напиша носителката на листата за Изборната единица 3 од СДСМ, Сања Лукаревска.

Таа се заблагодари за укажаната чест и доверба да ја предводи листата на СДСМ во ИЕ3, каде што ќе биде коносителка со Љупчо Николовски.

„Силата на СДСМ и во ИЕ 3 се нашите членови, нашите општински организации, нивниот углед, чест и достоинство во сопствената средина. Заедно сме и ќе дадеме сè од себе за да ги оправдаме очекувањата“ напиша Лукаревска.

Заменик-претседателката на СДСМ додаде дека стабилна сегашност и предвидлива иднина е најмалку што и го должиме на Македонија и на нејзините граѓани.

Можеби ќе ве интересира

Петрушевски: Овој ребаланс е избор на одговорност пред популизам, стабилност пред финансиска неизвесност и конкретни резултати пред празни ветувања

ДЕСК

Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

ДЕСК

УЖАС ВО СКОПЈЕ – Момче осомничено за силување дете под 15 години

ДЕСК