13. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

ДУИ: Молкот на опозицијата за нивниот напад врз медиумите е одобрување на диктаторскиот менталитет во обид

И по 24 часа од најбруталниот напад врз медиумите и новинарите од Албанија, Косово и Северна Македонија, од петтемина лидери на опозицијата не стигна ниту oграда ниту осуда.

Албанската опозиција е помирена со фактот дека на 24 април и 8 мај ќе претрпи длабок пораз од Демократската унија за интеграција, а за ова сега ги обвинуваат медиумите и новинарите од Албанија и Косово.

Аднан Азизи, контроверзен лик на корумпираното подземје, висок експонент на бизнисите на Касами и албанската опозиција, ја оцрнува и навредува ТВ Клан Македонија, медиумските фигури како Бленди Февзиу и Берат Бужала, Ермал Пандури и Лирим Мехметај како и многу други.

Демократската унија за интеграција со длабока загриженост ги следи неоснованите клевети и обвинувањата со диктаторски склоности кон секој што мисли поинаку од опозицијата, притоа ги повикува истите да не вклучуваат структури, личности, новинари и медиуми од Албанија и Косово во предизборната кампања во Северна Македонија и да не навредуваат медиуми и новинари.

Постапките на опозицијата, инструирана од ВМРО и Левица, клеветејќи ги албанските медиуми и новинари од Косово и Албанија, никому не му служат на чест, освен на газдите со седиште во Москва и Белград.

Хибридната војна, координирана со ВМРО-ДПМНЕ и Левица, веќе ги надмина сите очекувања за валкана кампања од страна на опозицијата, па апелираме до јавноста да ја провери секоја вест или информација што потекнува од опозицијата составена од деривати на ДУИ.

Можеби ќе ве интересира

Филипче од Струмица: Сум ги гледал луѓето во очи кога им било најтешко, верувам дека на секој мора да му се помогне

ДЕСК

Филипче од Струмица: Македонија не може да ја води Мицкоски, човек без компас и без човечност!

ДЕСК

Павле Трајанов најави победа на советничката листа на Демократски сојуз во Конче

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.