„Јас сум убеден дека граѓаните знаат да ценат тоа што го направивме, во изминатите 2 години во мојот мандат, но и во претходните 5 години во мандатот на моите претходници којшто веќе кажав ние остваривме една голема стратешка цел членство во НАТО. Го започнавме по 17 години чекање и сполнувањето на втората стратешка цел зачленувањето во ЕУ. Го заштитивме македонскиот јазик, македонскиот иденттите и македонската кутлура и ги промовиравме на европско ниво бидејќи вие бевме сведоци како медиуми и целата јавност дека засветеја во 2022 преговарачките кабини со македонски јазик во Брисел, се преведува целото законодавство на МК јазик. Обезбедивме методологија за постојан раст и на пензиите и на платите, ја намаливме невработеноста во државата, го дуплиравме нивото на странски директни инвестиции. Невработеноста беше 25% денес е 12,8% со тенденција да се намалува. Не велам дека сме безгрешни, секако дека имаше грешки, имаше грешки во кадровската политика, имаше грешки во дел однесување на политичарите на начин на којшто јас не сметам дека треба да се однесуваат, бидејќи не е својствен за овие простори“,„изјави претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски во интервју на Алсат.
Тој додаде дека имало многу тежок период, 2 години во кој министрите навистина многу напорно работеле.
„Да работите на обезбедување на електрична енергија, субвенционирање на електрична енергија 90% за да нема ценовен шок за граѓаните и тоа успеавме да го направиме. 45% зголемено производство на електрична енергија и тоа успеавме да го направиме. Зголемивме плати, пензии, обезбедивме финансиска дирекна помош за најранливите категории на граѓани, самохрани родитлеи, пензионери, деца без родители, за студентите итн. И од друга страна некој ќе земе ќе игра фудбал во канцеларија, луѓето тоа го гледаа и велат овие ништо не работат. Тоа се уште не е созреан просторот кај нас во државата за таков пристап на политичар, не велам дали е погрешен или не е , меѓутоа тоа оставатше простор да преку медиумите се поставува прашање што прават овие, дали работат или играат фудбал. Секој треба да го адаптира своето однесување просторот во кој функционира“, потенцираше Ковачевски.
Во однос на Мицкоски, тој додаде дека во времето на ВМРО-ДПМНЕ, имавме нарушени односи со сите соседни држави, ниту милиметар не напредувавме во европските интеграции, имавме нарушени меѓуетнички односи на само 100-тина метри од ова студио бевме сведоци како имаше протести, тепачки за една железна конструкција за која што се планираше да се прави црква, тоа беше се плански направено само за да може да се замајува јавноста со теми кои што влечат назад а не носат напред.
„И денес ВМРО-ДПМНЕ нема план за Македонија, значи тие не кажуваат дали државата ќе напредува во европските интеграции, не кажуваат како ќе напредува во европските интеграции, ниту покажуваат било како план, тие единствено кажуваат ќе видите после избори.“заклучи Ковачевски.