14.8 C
Скопје
15. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Господинот Пендаровски е победнички кандидат на претседателските избори и тој е победнички кандидат затоа што е поддржан од сите прогресивни партии во државата

„Господинот Пендаровски е победнички кандидат на претседателските избори и тој е победнички кандидат затоа што е поддржан од сите прогресивни партии во државата. Второ тој се покажа како претседател на сите, во неговиот пет годишен мандат немаше ниту една стратешка грешка. Тој ги поддржа сите стратешки процеси во државата, немаше ниту една афера што се однесува на него. Претседателот Пендаровски се однесуваше кон сите граѓани еднакво без разлика на нивната етничка или било каква припадност. Има едно прекрасно семејство кое што јас имав можност да го запознаам, да ја запознаам неговата сопруга Елизабета, неговиот син кој што е одличен инженер кој што тоа и го студира и кој што иднината ја гледа тука во Македонија и сметам дека претседателот Пендаровски е победничкиот кандидат на престојните претседателски избори и ќе продолжи заедно со влада составена од СДСМ на патот на европските интеграции до 2028 година да ги отвориме и затвориме преговарачките поглавја и до 2030 да бидат ратификувани потребните документи за наш прием во ЕУ“, изјави претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски во интервју на Алсат.