20.8 C
Скопје
26. јуни 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

ЕУ воведе санкции кон Русија поради смртта на Навални: Борците умираат, но борбата за слобода никогаш не завршува

Европската унија воведе санкции кон Русија поради смртта на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални.

Министрите за надворешни работи на земјите-членки денеска на состанок во Брисел договорија казнени мерки против претставници на рускиот правосуден систем.

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, за прв пат зборуваше веднаш по смртта на Навални и рече дека ја смета Русија за одговорна за ваквиот развој на ситуацијата.

– ЕУ смета дека Русија е единствена одговорна за смртта на Алексеј Навални. Изразувам длабоко сочувство до неговото семејство и оние кои се борат за демократија ширум светот во најтемни услови – напиша Мишел на Твитер.

Потоа додаде дека борците умираат, но борбата за слобода никогаш не завршува.

Да потсетиме, на 16 февруари годинава во затвор почина рускиот опозициски лидер Алексеј Навални. Подоцна беше откриено дека тој починал од „природни причини“, иако околностите на неговата смрт остануваат нејасни.

Поддржувачите на Навални и бројни западни политичари го обвинуваат руското раководство и претседателот Владимир Путин за смртта на опозициската личност.