Centar.mk
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

СДСМ: Изборот е помеѓу борба за европска иднина со СДСМ и откажување со ДПМНЕ

-На претстојните избори изборот пред граѓаните ќе биде помеѓу борба за европска иднина со СДСМ и откажување со ДПМНЕ, велат од СДСМ.

„СДСМ има јасна визија за иднината на државата како европска. СДСМ е опција коjа носи надеж, која обезбедува поголеми плати и пензии, подостоинствен живот и која носи сигурна европска иднина.

Граѓаните одлучуват дали Македонија ќе стане членка на ЕУ и ќе ги зголеми придобивките од членството во НАТО, или ќе заглави до недоглед во нова и тешка неизвесност што ќе донесе изолација, поделби и загрозување на иднината, на напредокот на земјата,

Народот не сака да стои во место, не сака повторно да биде заглавен и понижен.

Повторно заглавување, со наведната глава, никој не сака. Никој не сака да чека нови 11 години во нови чекални.

Граѓаните не забораваат како изгледаше кога Груевски нѐ заглави и не донесе до дното.

Мицковски, само ќе продолжи таму каде што застананеговиот ментор Груевски.“ – се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

Лишени од слобода седум лица во акциска контрола на Мобилната единица при МВР, одземени три возила, изречени 16 мерки

ДЕСК

Лишени од слобода 15 возачи за безобѕирно управување возило, 10 лица возеле без возачка дозвола, четири управувале под дејство на алкохол, еден со претходно изречена забрана

ДЕСК

Мицкоски од Илинден: Владата продолжува со инвестиции во образованието, се гради нова училишна зграда во ООУ „Гоце Делчев“

ДЕСК