34.8 C
Скопје
26. јуни 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото МВР на Србија
СВЕТ

Драма на бензинска пумпа во Белград: Русин се заканувал дека ќе си го пресече грлото со парче стакло

Руски државјанин се заканувал дека ќе изврши самоубиство на бензинска пумпа во Белград.

Како што дознава Телеграф.рс, тој дошол до пумпата, држејќи парче стакло во раката.

На работник на пумпата му покажувал дека сам ќе си го пресече грлото, па вработениот повикал полиција.

Полициски екипи излетале на терен и преговарале со Русинот, за на крајот да го убедат да го фрли парчето стакло што го држел и да не си го одземе животот.

Со возило на брза помош бил пренесен во психијатриска установа.