23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Николовски и Тренчевска од Кавадарци: Жената земјоделека е во нашиот главен фокус, од 2017 година до денес преку сите мерки сме дале поддршка кон 1.700 жени земјоделки во вредност од 1,1 милијарди денари

Денеска во Кавадарци министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, заедно со дополнителната заменик министерка за труд и социјална политика, Јована Тренчевска, одржаа повеќе средби со успешни жени земјоделки.

Жената земјоделка сите овие изминати години беше наш главен фокус, во мерките и политиките што како министерство ги креиравме, а во тој правец, посветено ќе продолжиме и во наредните години. Заедно постигнавме многу успешни резултати и заедно можеме да постигне уште повеќе резултати за жените земјоделки.

Во ЕРЗС системот, денес имаме запишани 30.292 жени земјоделки. Ако оваа бројка ја споредиме со 2017 година, ќе видиме дека имаме зголемување од околу 9.000 нови жени земјоделки, кои посветено се занимаваат со земјоделство и произведуваат домашна македонска храна.

„Ова зголемување кај бројот на активните жени земјоделки не е случајчно. Тоа се должи благодарение на добрите мерки и политики, каде жената земјоделка е наш приоритет, а мерките се многубројни. Мерка за поддршка на руралната жена, мерка млад земјоделец, поддршка на мал производител на храна и вино и мерката бизнис план во земјоделството. Низ сите овие години, од 2017 година до сега, преку овие мерки, сме поддржале 1.700 жени земјоделки, со поддршка во вредност од 1,1 милијарди денари“, истакна министерот Николовски.

Мерката за поддршка на руралната жена, за прв пат, е креирана во 2017 година и до сега ја реализирале 320 жени земјоделки. Поддршката за оваа мерка најпрвин изнесуваше 3.000 евра, а во 2022 година поддршката од 3.000 ја зголемивме на 6.000 евра, давајќи предност на жените земјоделки на кои токму земјоделството им е основна дејност.

Преку новите програми за до 10.000 евра грант поддршка на мали производители на храна и мали винарии, во набавка на опрема за производство, за жените земјоделски на располагање ставаме нови можности за поддршка. И кај овие нови мерки имаме успешни примери на жени земјоделки.

Вкупно 39 жени аплицирале и добиле грант за производство на храна од неживотинско и животинско потекло. Имаме успешни 25 мали винарии каде управители се токму жени земјоделки, кои аплицирале и добиле грант за поддршка на малите винарии.

Кај новата мерка за поддршка на бизнис план во земјоделството од вкупно 206 склучени договори, 115 апликанти се токму жени земјоделки. Оваа мерка им дава можност на земјоделците сами да одберат каква опрема и земјоделска механизација ќе набават, добивајќи грант поддршка до 10.000 евра.

Нашата поддршка кон жената земјоделец не застанува само со овие мерки. Па така од 2017 година до сега сме поддржале 625 жени земјоделки за набавка на трактор, 158 добиле поддршка за набавка на педигриран добиток, 111 добиле финансика поддршка за набавка на системи капка по капка, 12 добиле поддршка за набавка на комбајн за ориз, 7 добиле за комбајн за жито, 12 за набавка на силоси и 10 жени земјоделки поддршка за набавка на опрема за тутун.

Како министерство заедно во соработка со МТСП и НФФ, водиме искрена грижа за зајканување на стаусот и правата на жената земјоделка, посебно во системско решавање на правото за породилно отсуство на жената земјоделка.

Во таа насока, како министерство, токму во 2023 година креиравме посебна, нова програма за платено отсуство за мајчинство на жената земјоделка, со поддршка од 81.000 денари. Нашата грижа ја продолжуваме и оваа година. Со зголемена поддршка од 81.000 денари на 100.000 денари, за деветмесечен надоместок за мајчинство.

Во рамки на активностите во Кавадарци, министрите Николовски и Тренчевска ја посетија Билјана, успешна жена земјоделка добитничка на грант за мерката рурална жена, преку кои има набавено пумпа, буриња и мелачка и произведува убаво домашно вино. Билјана следејќи ги успешните приказни за малите винарии има за цел да основа сопствена мала винарија и на годинешниот повик да аплицира за грант поддршка на малите винарии. Потоа имаа средба со уште еден успешен пример за жена земјоделка, Душанка, која е мал прозводител на маџун, а со поддршката на државата има набавено опрема за своето производство. Како и успешната мала семејна винарија Маричка.

Продолжуваме заедно. Овие успешни резултати се наш заеднички успех, на министерството и вредните и посветени жени земјоделки.