27.8 C
Скопје
21. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

Средба на претседателот Митревски со ученици од ОУ „Страшо Пинџур“

Што работат пратениците, колку треба да се учи за да се стане претседател на Собрание, што прават пратениците за децата и уште многу други прашања му поставија учениците на претседателот на Собранието, Јован Митрески, за време на нивната посета на законодавниот дом.

Второоделенците од основното училиште „Страшо Пинџур“ од Скопје имаа можност да го запознаат Собранието одблизу, ги разгледаа собраниските сали, се информираа за работата на претседателот на Собранието и на пратениците, а детската љубопитност ја предизвика и едукативната стрип боенка „Како Риса го запознава Собранието“.

Стрипот на наједноставен начин ја доближува работата на пратениците до најмладите, а истовремено ги едуцира децата која е постапката да се предложи и да се донесе еден закон.

Публикацијата е изготвена во рамки на Програмата за парламентарна поддршка (ПСП), која е поддржана за од швајцарската Агенција за развој и соработка. Програмата за парламентарна поддршка се спроведува преку Националниот демократски институт (НДИ), Институтот за демократија „Социетас цивилис“-скопје, и Центарот за управување со промени.