Centar.mk
ЛОКАЛНОвест

ИЗМИНАТАТА СЕДМИЦА САНКЦИОНИРАНИ 241 НЕПРОПИСНО ПАРКИРАНИ ВОЗИЛА НА ТЕРИТОРИЈА НА ОПШТИНА ЦЕНТАР

ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје изминатата седмица санкционираа 241 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

Во периодот од 04.03. до 10.03.2024 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 131 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 110 возила кои биле затекнати на резидентни паркиралишта, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.

ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка со цел да се доведе во ред сообраќајниот хаос и проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територија на Општина Центар.

Можеби ќе ве интересира

Утре посебен режим на сообраќај во Скопје поради празникот Велигден

ДЕСК

Утре посебен режим на сообраќај во Скопје поради празникот Велигден

C +

Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење

ДЕСК