Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Полицијата направи парче: За еден ден 740 казнети возачи, некои ќе останат без возачки, а многумина ќе платат дебели казни

Во текот на вчерашниот ден (10.03.2024) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 740 возачи. Од нив 62 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а осум возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 378 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 362 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, велат од МВР.

За среќа и радост во вашиот дом, заследете го следниот канал на YouTube со клик тука!

▶ ЗАСЛЕДЕТЕ ГО TAMNI TALAS

Уживајте во музика исполнета со емоции, љубов и убави моменти.

Можеби ќе ве интересира

ПРИЈАВЕН НАПАД ВРЗ 39-ГОДИШНА ЖЕНА – Полицијата повикала 44-годишен скопјанец на разговор

ДЕСК

ГО НАПАДНАЛ И МУ ОДЗЕЛ ПАРИ НА БИТ ПАЗАР – 50-годишник пријавил познато лице

ДЕСК

ТРОЈЦА 22-ГОДИШНИЦИ ВО ФИЗИЧКА ПРЕСМЕТКА – Нарушен јавниот ред и мир во Гази Баба

ДЕСК