21.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

Битиќи: Економската програма на СДСМ предвидува минимална плата од 600 евра и просечна над 1000 евра за четири години

„Економскиот сегмент на програмата ќе биде исклучително интересен загледање околу подовбрување на животниот стандард на граѓаните. Претседателот веќе обзнани дека зборуваме за минимална плата од 600 евра до крај на мандатот, а просечната плата да биде над 1000 евра“ рече вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи во „360 степени“ на МТВ.

Тој додаде дека ваквиот раст на платите нема да се должи на инфлацијата, која ќе биде намалена во следните години.

„Истата дискусија ја имавме и пред четири години кога ја правевме програмата во 2020 година. Кога тогаш ги кажувавме платите колку ќе пораснат сите ми викаа ‘немој, гледај каде сме, како може минималната да биде 20, а сега сме на 12.500?’. Но, сега сме на 22.500, а за просечната да не ни зборуваме. Не кажавме апсолутен износ, па кажавме релативен, дека ќе се зголеми за 30 отсто, но сега сме на 40 илјади“ рече Битиќи.

Вицепремиерот додаде дека ваквите ветувања се реални и базирани на анализи и склоп на работи како недостиг на работна сила, подобрување на конкурентноста и зголемување на продуктивноста.