17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

Битиќи: Во 2022 година кога најмногу ни требаше струја Те-То одлучи дека не сака да работи 24/7 за да ни обезбедат електрична и топлинска енергија

„Кога една приватна инвестиција ни беше потребна во 2022 година, во еден разговор со еден амбасадор ми рече дека таа инвестиција е наша, пазете што правите. Јас реков таа инвестиција е на наше тло и ќе правиме што треба за да ги обезбедиме граѓаните. Таа инвестиција, кога најмногу ни требаше струја, одлучија дека не сакаат да работат 24/7 за да ни обезбедат и електрична и топлинска енергија“ рече вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи во „360 степени“ на МТВ.

Тој додаде дека по некоај среќа на случајност во тој временски период капиталот и гасот за таа инвестиција биле руски, па веројатно таквото однесување е прифатливо за одредени групи на луѓе.

Вицепремиерот додаде дека со договорот за стратешко инвестирање за Митилинеос се заштитува јавниот интерес и кажа дека како држава ќе добиваме цена на електрична енергија за 40 отсто пониска од таа на Те-То.